Тинејџери му ја реновирале куќата на болниот комшија

Тинејџери од Босна, со помош на неколку постари луѓе, му ја реновирале куќата на нивниот сиромашен сограѓанин, Самид Бошиќ од Дубица, додека тој бил во болница. Волонтерите од Здружението на млади „Фокус“ целосно му ја реновирале распаднатата куќа, а сликите од тоа што го сработиле ги објавиле на фејсбук-страницата на здружението. Тие откриле дека Самид имал гангрена заради која му ја ампутирале ногата. И додека тој бил во болница, со помош на пари од неговите роднини што живеат во странство, му го преуредиле домот. На овој проект работеле осум волонтери, осум дена. Тие доаѓале во куѓата во зависност од своето слободно време.

 

Scroll to Top