Тинејџерка го победи ракот пред Божиќ

Четиринаесетгодишната Клои Крес успеала да го победи ракот пред Божиќ. Нејзините пријатели вели дека го добила најубавиот божиќен подарок што некој може да го добие.

Крес престојувала 18 месеци во детска болница во Мемфис. Боледувала од ретка форма на карцином кој се развил во мускулното ткиво. Најчесто кај пациентите го има во нозете, рацете или градите.

Таа во јуни 2018 година почувствувала болки во грбот. Добила и треска, а имала и проблеми со движењето. Во болницата каде отишла на преглед лекарите ѝ утврдиле маса во градите. Веднаш била префрлена во болница во Тенеси во Мемфис. Тука ѝ откриле многу редок тип на карцином, кој бил во напредна фаза.

 

Нејзиниот татко вели дека прво нешто кое ги прашал лекарите е дали неговата ќерка ќе ја загуби битката. Тој останал постојано покрај неа, низ целиот тој процес на хемотерапија. Ѝ биле направени осум операции поради проблемите со хранопроводот.

По речиси две години, откако ѝ бил дијагностициран карцином, Клои конечно може да си замине дома како победник, вели нејзиниот татко.

„Фала му на бога, таа го победи ракот. Помина толку време, а вие не престанувате да се надевате, но конечно заврши. Не можам да опишам колку сме среќни сите во семејството. Некако успеавме да ги преживееме сите третмани и после секој од нив се прашувавме кога ќе заврши“, изјавил Шон.

Клои вели дека со нетрпение чека да биде заедно со семејството и нејзините кучиња. Во исто време, поставена е сметка на GoFundMe за да се соберат донации за разубавување на нејзиниот Божиќ. 

Ова е навистина еден од најдобрите подароци за Божиќ“, изјавила Клои.

Scroll to Top