На 25 јануари Црвениот крст на Град Скопје и Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба, осумнаесетти пат ќе ја организираат традиционалната крводарителската акција во спомен на Тоше Проески, кој и самиот беше крводарител.
Крводарителската акција ќе се одржи во холот на Домот на АРМ помеѓу 9 и 17 часот.
„Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ, од помладата популација, која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. Досега на овие акции реализирани се повеќе од 5.000 единици крв. При спроведување на акцијата Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина ќе се погрижат сите дарители и лица ангажирани за реализација на акцијата да ги почитуваат сите пропишани мерки и протоколи за заштита и самозаштита од Ковид-19“, велат организаторите.