Трамп требало да се ожени со порно глумацата!

Шила Грегори, мајката на порно-глумицата Сторми Даниел за „Мирор“ изјавила дека Доналд Трамп требал да се ожени со нејзината ќерка. „Ѝ јадеше од рака на Сторми, требаше да се ожени со неа, не со Меланија“, рекла таа. 64-годишната Шила веќе не е во добри односи со ќерка си, но тврди дека знае многу работи од нејзиниот живот што Трамп сака да останат тајна.

„Ќерка ми не може да живее без внимание од некој маж. Знае како да ги заведе мажите. Истото му го направи и на Трамп. Не можеше ни тој без неа“, рекла Шила.

Додала дека ако некој се сомнева во нејзините зборови, треба да разговара со некој од шестмината поранешни мажи на Сторми.

„Откако стана позната по аферата со претседателот, крие дека е разведена шест пати. Сите мислат дека имала само тројца мажи, ама, шестмина одведе пред олтар, Енди, Брајан, Џеј, Пет, Мајк и Глендон. И се разведе со сите нив. Жал ми е што не ѝ успеа со Доналд, сега ќе беше мој зет“, рекла Шила, која открила дека гласала за Трамп за претседателските избори само заради ќерка си.

Во интервјуто за „Мирор“ Шила додала дека Сторми прави се за да добие старателство над 7-годишната ќерка Кејден. Таа веќе не снима порно филмови и одбила да учествува во две реални шоуа, каде што сигурно ќе барале од неа да открие детали за врската со американскиот претседател.

 

Scroll to Top