Моделот Лејна Блум сака да стане првиот транссексуален модел на „Викторијас сикрет“. Младата Американка се обидува да стане првиот ангел на компанијата кој го сменил полот, а притоа е и црнкинка. Лејна својата желба ја објави на „Твитер“.
Американката неодамна јавно се пожалила дека на кастинзите за шоуто на „Викторијас сикрет“ најчесто доаѓаат бели девојки.
„Мојот сонот отсекогаш бил да се најдам на подиумот на шоуто на брендот“, рекла 27-годишната Блум.
Таа во едно интервју рекла дека отсекогаш се чувствувала добро во нејзината кожа и дека е добро да се биде различен. Лани таа стана првиот транссексуален модел со темна кожа што се најде на насловната страница на Vogue India.
Лејна е модел веќе 4 години. Учествувала и на Модната недела во Њујорк.