Трендови во уредувањето на домот што треба да ги избегнувате

Кога сакате да го украсите својот дом, веројатно се прашувате што во моментот е во тренд и модерно. Но, знаете ли што не е во тренд оваа сезона?

Без разлика дали го обновувате својот дом од подот до плафонот или сакате да направите само мала промена која ќе го надополни изгледот на вашата дневна соба или кујна, сè уште морате да следите некои правила. Кралската сина е прогласена за боја на годината и таа би требало да се најде во вашиот дом. Но, следните пет трендови треба да ги исфрлите.

Едисон сијалици

Овие сијалици стекнаа голема популарност во 2015. Можете да ги видите во многу кафулиња и ресторани, но и на тремовите и терасите од домовите. Сепак, сега е време да се поздравиме со нив.

Розова боја

Бојата која со децении го украсува ентериерот… ете, сега е време да ја оставите на страна и да ја испробате кралската сина или некоја друга нијанса.

Потполно бела кујна

Белиот, ултра чист изглед на кујната веќе не е во мода. Би требало да се префрлите на малку потопла нијанса и да додадете малку зеленило, особено сега пред почетокот на пролетта.

Неутрални тонови

Слично како и белата кујна, исто така би требало да заборавите на неутралните тонови во декорот на остатокот на ентериерот. Слободно внесете малку боја во својот дом.

Уметноста на зборовите

Мотивационите пораки, пишаните текстови на ѕидот, неонските натписи и слично се убави украси, но сега е потполно аут. Можете да пронајдете некои дела со кои ќе ги замените или, пак, да створите нешто по своја лична вредност.

Scroll to Top