Третиот човек на Ватикан обвинет за сексуална злоупотреба

Судот во Мелбурн изјави дека има докази врз основa на кои на кардиналот Џорџ Пел, третиот човек во Ватикан, може да му се суди за најмалку едно обвинение за сексуален напад. Пел ќе треба да се појави пред Окружниот суд во државата Викторија за да му се суди.

Судијката Белинда Валингтон изјавила дека има доволно докази според кои на кардиналот, еден од најблиските советници на папата Франциско, може да биде суден врз основа на некои обвиненија.

Пел, 77-годишниот финансиски советник на папата, ги отфрли сите обвиненија. Повеќето докази презентирани во неговиот случај се доверливи и не се познати на јавноста. Обвиненијата против Пел се однесуваат на минати злосторства извршени во Австралија.

Минатата година, Ватикан го прифати барањето на кардиналот да земе слободно време, со цел да земине во Австралија и да се соочи со обвиненија против него.

Scroll to Top