Најстариот трговски центар во Данска отстрани восочна фигура на Мајкл Џексон од страв дека таа би можела да биде навредлива за купувачите или да биде оштетена поради обвиненијата дека кралот на поп-музиката во текот на својот живот сексуално вознемирувал малолетни момчиња.
Шарлотe Андерсен, маркетинг-директорка на трговскиот центар „Редовре“, сместен во предградие на Копенхаген, за данската телевизја „ТВ2“ изјавила дека добиле петнаесетина поплаки за фигурата на Џексон, главно од семејствата со помали деца.
Центарот најави организација на изложба на восочни фигури од најголемите ѕвезди од шоу-бизнисот, меѓу кои и Мерилин Монро и Џулија Робертс. Изложбата треба да трае за време на зимскиот училиштен распуст во Данска, кој почна вчера.
Фигурата на Џексон била заменета со восочна фигура на актерот Бред Пит.
Трговскиот центар, кој се протега на површина од 75.500 квадратни метри, е првиот центар отворен во Данска во 1966 година.