Три деца изгореа во пожар во Велес

Три деца изгореа во пожар откако се запалила нивната куќа под ридот Вршник во Велес. Децата биле на возраст од пет, две и една година. Пожарот избувнал околу 15:30 часот, кога родителите не биле дома.

Куќата се наоѓа во шума, терен кој е тешко пристапен терен и далеку од најблиските објекти до Велес. Според неофицијалните информации, станува збор за социјално загрозено семејство, а во куќата немало вода ни електрична енергија.

Пожарот го пријавиле соседите што живеат на околу 100 метри од куќата. Надлежните допрва ќе ги утврдуваат причините за пожарот.

Scroll to Top