Три журки во „Амбрела“ и поддршка на лицата со попреченост

Во кафулето „Амбрела“ во Градскиот трговски центар ќе се одржат три забави чија цел е да се поттикне концептот на вработување лицата со попреченост. Кафулето е познато како прво место во градот каде што гостите ги служат лица со попреченост.

Првата забава ќе се одржи на 8 февруари (сабота) од 21:30 часот, а свирка ќе има популарниот бенд „Саут парк“.ч Тие ќе ги испеат најголемите светски и ретро хитови. Во вторник, 11 февруари, опуштена забава за љубителите на џезот. Во „Амбрела“ ќе настапат СкопјеЏезИнк, составен од неколку познати македонски џез музичари. За љубителите на латино музиката, на 14 февруари во „Амбрела“ ќе се организира латино-журка.

Влезот на трите забави е слободен, со претходна резервација на 072 800 800 или преку порака на фан-страницата на „Амбрела“.

 

Scroll to Top