Трофејот на Лига Европа украден во Мексико

Трофејот наменет за победникот во Лига Европа, во петокот, бил украден во мексиканскиот град Леон, во сојузната држава Гуанахато.

Возилото со кое бил превезуван трофејот на турнејата низ Мексико било нападнато, а пехарот украден. Сепак по неколку часа мексиканската полиција успеала да го пронајде трофејот, без да соопшти повеќе детали.

Мексиканските власти објавија на Твитер фотографија, со тектс дека пехарот повторно е во сигурни раце.

Инаку, натпреварите во Лига Европа, продолжуваат в четврток. Првите полу-финални натпревари ќе ги одиграат Арсенал и Атлетико Мадрид, односно Олимпик Марсеј и Ред Бул Салцбург.

Scroll to Top