Циклонот Тодор ќе предизвика големо невреме во Македонија

Денес во Македонија ќе појде циклонот Тодор кој ќе донесе невреме и обилни дождови. Во западните и југозападните предели на државава времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Во источните делови ќе биде претежно сончево и суво без врнежи, со појава и на сончеви периоди.

Во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе бидат поинтензивни со поголемо количество дожд, со силни грмежи и електрични празнења, засилен ветер, а на некои места ќе има и појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Scroll to Top