Црнец спаси белец од бесната толпа на протестите во Лондон

Фотографијата од протестите во Лондон, на која црнец, еден од учесниците во демонстрациите „Црните животи се важни“, носи повреден бел маж, за кратко време го обиколи светот.

Патрик Хачинстон, кој го носел повредениот бел маж низ масата бесни демонстранти, изјавил дека тоа го направил за да избегне катастрофа.

Навел дека тоа бил првиот протест на кој тој присустуввал, а му помогнал на повредениот човек, затоа што не сакал да се изгуби главната причина и цел за протестите, за еден момент насилство.

Хачкинсон изјавил дека го видел мажот како лежи на скалите во положба на фетус, опкружен со демонстранти и веднаш помислил дека мора да го однесе на сигурно. Како што е наведено, повредениот маж бил припадник на десничарска организација.

Многу од десничарите се расистички настроени, поради што биле организирани и контрамитинзи во Лондон. За потсетување, повеќе од 100 луѓе во саботата излегоа на протести во Лондон.

Протестите се случија поради барањата за реформи во полицијата, откако полицијата во САД, во два одвоени инциденти, уби двајца Афроамериканци, вести кои за кратко време се проширија низ целиот свет.

Scroll to Top