„Црниот пантер“ ги сруши сите рекорди во првата недела од прикажувањето

„Црниот пантер“ влезе во историјата како филм на Марвел со најголема заработувачка во првата недела на прикажување низ САД.

Филмот само во американските кина во првата недела заработил 292 милиони долари, што е за 22 милиони повеќе од „Одмазници“ во 2012 година.

Премиерата на филмот допрва се очекува во Кина, иако досега во кината ширум светот заработи импозантна сума од 228 милиони долари, што значи дека вкупната заработка е 520 милиони.

Тоа значи дека „Црниот пантер“ може да стане најисплатлива филмска адаптација на еден стрип.

Таа титула во моментот ја држи „Одмазници“.

Scroll to Top