Туристите годишно фрлаат 1,5 милиони евра во фонтаната Ди Треви

Според „Бизнис инсајдер“, туристите фрлаат по околу 1,5 милиони евра во фонтаната Ди Треви годишно. Една од најголемите туристички атракции во Рим, секојдневно привлекува илјадници туристи, кои во просек фрлаат по 15.000 дневно. Луѓето од цел свет веруваат дека ако преку рамото фрлат паричка во фонтаната ќе се вратат во Рим, а ако фрлат две ќе доживеат голема романса.

Истото списание пишува дека сите пари што се вадат од фонтаната градот ги дава на  хуманитарното здружение на католичката црква, „Каритас“, кое собраните пари ги распоредува на најзагрозените. Од овие средства во 2008 година е отворен супермаркет со многу ниски цени, каде што купува најсиромашното население во градот.

Фонтаната Ди Треви е изградена 1762 година од страна на Џузепе Панини. Нејзината изградба траела три децении. Многумина ја сметаат за најубавата барокна фонтана во Европа.

Scroll to Top