Турција го казни „Гугл“ со 15 милиони долари

 

 

Турскиот Совет за заштита на конкурентноста го казни глобалниот интернет-гигант „Гугл“ со глоба од 15 милиони долари поради нарушување на пазарот на софтвер за мобилни уреди.

Според одлуката на Советот, „Гугл“ има рок од шест месеци да ги направи потребните измени за веќе да не го нарушува пазарот на софтвер.

Советот заклучи дека компаниите „Гугл“ и „Гугл рекламџилик“ потпишувале договори со производители на мобилни уреди од позиција на монопол и доминација на пазарот и го попречувале слободното промовирање на мобилните апликации на нивната платформа „Андроид“. Апликациите на „Гугл“ биле привилегирани на андроид-мобилните уреди, со што, според Советот, им била предизвикана економска штета на потрошувачите.

Претставништвото на „Гугл“ во Турција одговори со соопштение дека системот „Андроид“ е полезен за потрошувачите и дека се работи за висококвалитетен производ, како и дека постои доволна конкуренција на пазарот доколку се земе предвид распространетоста на ривалските производи на „Епл“.

Scroll to Top