Тутунски компании ќе платат 80 милиони евра за Франција да ги исчисти догорчињатаоците од цигари

Француските општини ќе добијат 80 милиони евра кои треба да ги искористат за да ги соберат 23 милијарди догорчиња од цигари, колку што секоја година се фрлаат на земја, објави Министерството за животна средина. На овој начин Франција ќе се обиде да го намали количеството пластика што е фрлено во животната средина, а за што придонесуваат и догорчињата од цигари.

Според Министерството, овие 80 милиони евра ќе ги донираат компаниите од тутунскиот сектор . Нивната цел е и да се подигне свеста за овој проблем. Од Министерството за животна средина се надеваат дека бројот на фрлени догорчиња ќе се намали за 40% во наредните шест години.

Според една студија, секој четврти пушач во Франција ги фрла догорчињата низ прозорецот од својот автомобил, што, освен загадување, е причина и за пожари.

Scroll to Top