Творецот на „Грдата Бети“ пронајден мртов во хотелска соба

Силвио Хорта, авторот на американската хумористична ТВ-серија „Грдата Бети“, е пронајден мртов во хотелска соба во Мајами. Имал прострелни рани од огнено оружје, пишува „Индепендент“. Неговиот портпарол ја потврди веста за медиумите, но детали за трагедијата сè уште не се познати.

Хорта е најпознат по серијата „Грдата Бети“, која почна да се емитува на американската ТВ-мрежа Еј-би-си на 28 септември 2006 година и имаше четири сезони. Серијата освои два Златни глобуса.

Главната улога на Бети Суарез ја имаше Америка Ферера (35), која се збогува со својот колега преку социјалната мрежа.

Серијата го следи животот на неугледната и добронамерна девојка која добива работа во редакцијата на модниот магазин „Моде магазин“. Главни продуценти се Селма Хаек, која имаше и улога во серијата, Силвио Хорта, Бен Силверман…

Силвио е роден во Мајами, а неговите родители се од Куба. Дипломирал филмска уметност на престижниот универзитет во Њујорк. Талентираниот уметник се пробил на сцената во 1998 година кога го напишал сценариото за хоророт „Урбана легенда“ во кој глуми Џаред Лето. Се префрли на телевизија во раните 2000. На 19 години тој му признал на своето семејство дека е хомосексуалец, во што тоа го поддржало.

Scroll to Top