Бугарските власти потврдиле дека по нивно барање во Германија е уапсен маж осомничен за силување и убиство на новинарката Викторија Маринова (30) и дека очекуваат негово испорачување.
Осомничениот Северин Красимиров (21) е уапсен во вторникот во домот на неговата мајка кај која избегал после бруталното злосторство. Бугарските власти очекуваат Германија да го префрли Красимир на нивна територија, рекол министерот за внатрешни работи Младен Маринов.
Телото на 30-годишната Викторија Маринова е пронајдено во саботата недалеку во градскиот парк на нејзиниот роден крај Русеа каде редовно трчала. Таа е силувана, брутално претепана и задавена.