Убиени македонски тинејџери и нивната мајка во Канада  

Кори Фен, дваесет и девет годишен маж во Канада ги убил неговата партнерка и нејзините две деца-тинејџери. Убиството се случило вчера во 11 часот предпладне, во нејзиниот дом во Онтарио.

Кори Фен, во бес, веројатно дрогиран ја убил Красимира Пејчиновски, неговата партрка со која живеел, која е Бугарка и нејзните две деца, Рој (15) и Веналија (13), од предходниот брак чии татко е Македонец. Красимира имала уште една ќерка која за време на убиството била на часови по возење кола. Медумите пишуваат дека Красимира, сакла да ја прекине врската со него,па најверојатно тоа било причината за убиството.

Дека нешто не е во ред, прва се посомневала колешката од работа на Красимира, оти таа дента не дошла на работа, а не се ни јавила да каже дека ќе отсуствува.

Одкако отишла во нивниот дом, партнерот на Красимира ја отворил вратата, и кажал дека се е во ред , а потоа влегол во црна кола и заминал во непознат правец. Кога жената влегла во домот, била шокирана од она што го гледа, па викнала полиција, која по пет часа го фатила убиецот.

Во меѓувреме, од училиштето каде одат децата, кои и таму се водат како македонци, го контактирале таткото на децата и му понудиле да ги платат трошковите за погребот.

Красимира била неколку години во брак со татакото на нејзините деца со кој од Македонија се преселиле во Канда.

Кори Фен во 2009 бил осуден за напад на полицец, а во 2011 осуден кражба 5 илјади долари.

Scroll to Top