Убивале деца, се капеле во крвта на жртвите: 15 најпознати жени сериски убијци

Сериски убијци не се само мажите. Во историјата се запишани и имиња на многу жени кои извршиле масовни убиства. За некои од нив се вели дека се поморничави дури и од мажите. Ова се 15 најпознати жени сериски убијци.

Леонарда Цанчиули – таа своите жртви ги претворала во сапун.

Елизабета Баторија – убила стотица млади жени и се капела во нивната крв.

Мира Хиндли – прогласена е за најзлобна жена во Велика Британија, бидејќи била вмешана во убиства на пет деца со нејзиниот партнер Иан Брејди.

Бел Ганис – кога домот на оваа жена изгорел, биле откриени повеќе гробови со расечени делови од тела.

Доротеа Пуенте – осудена е за 9 убиства, но има уште 6 кои никако не може да се потврдат.

Тили Климек – тврдела дека има претскажувачки соништа, во кои ја предвидува смртта на нејзините жртви.

Нани Дос – убила 11 лица и во медиумите е позната како жената која сама се направила вдовица.

Амелија Даер – ја нарекуваат „чудовиштето од жена“ бидејќи прво посвојувала, па ги убивала посвоените деца во текот на 30 години, во доцните 1800-ти години.

Карла Хомолка – жената која беше осудена за убиство на најмалку 3 малолетни лица со кои имала направено видео снимки кои се проширија во јавноста.

Линда Хазард – или жената која е попозната како „Доктор на изгладнувањето“ и е виновна за најмалку 15 мртви лица.

Розмари Вест – жената која малтретирала и убила најмалку 9 жени, а го убила и нејзиниот сопруг.

Беверли Алит – или Ангелот на смртта, која давала голема доза на инсулин на нејзините две жртви.

Џоан Денхи – убивала исклучиво мажи, прободувајќи ги со нож.

Бланш Тејлор Мур – жената која беше затворена оти го отрула нејзиното момче, а беше осомничена и за смртта на нејзиниот сопруг и нејзината свекрва.

Џудит Нили – убила две жени и била фатена во обид да убие трета.

Scroll to Top