Почина последниот мажјак северен бел носорог

Последниот мажјак од видот северен бел носорог почина од старост. Резерватот „Ол Паџета“ во Кенија, каде што живееше 45-годишниот носорог Судан, е еутанизиран откако неговата состојба значително се влошила и тој веќе не можел да стои исправен. Мускулите и коските му атрофирале, на неговата кожа имало големи рани и длабока инфекција на задната лева нога.

Судан беше последниот северен бел носорог роден на слобода.

„Од него е собран генетски материјал кој дава надеж да бидат направени обиди за репродукција на северните бели носорози преку врвни клеточни технологии“, велат од резерватот.

Единствената надеж за зачувување на видот е да се развијат методи за оплодување со јајце клетки од двете преостанати женки, зачувана сперма од северен бел носорог и сурогат мајки од друг подвид јужни бели носорози.

Во Африка има околу 20.000 јужни бели носорози. Нивниот број пред еден век падна на околу 100, но благодарение на напорите за зачувување на иницијативата на Иан Плејер, нивната ситуација е подобрена.

Scroll to Top