Украдени пет пиштоли од филмовите за Џејмс Бонд

Пет пиштоли кои биле користени во филмовите за Џејмс Бонд, се украдени од куќа во северен Лондон, соопшти британската полиција. Меѓу нив бил и пиштолот што го користел Роџер Мур кога последен пат го глумел тајниот агент 007.

Според полицијата осомничените имале источноевропски акценти. Полицијата проценила и дека вредноста на пиштолите, кои се неактивни, е околу 112 илјади долари.

Меѓу украдените модели се „берета чита“, која се појави во „Умри друг ден“, „валтер ППК“ од „Поглед на убиство“ и револвер „смит и вестон .44 магнум“ од „Живеј и остави ги другите да умрат“.

„Повеќето од овие модели се незаменливи. Украдениот ‘магнум‘, на пример, е единствениот ваков модел целосно изработен од хром“, изјавил инспекторот Пол Ридли.

Scroll to Top