Улица во Србија ќе се вика „Тоше Проески“

Жителите на селото Јабука во општината Панчево во Србија поднеле барање до Градското собрание една улица да го носи името на починатиот пејач Тоше Проески. Предлогот за промена на името на една од улиците ќе се разгледува наскоро, поува порталот „013 инфо“.

„12 години откако почина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска, Тоше ќе добие своја улица и кај нас. Ова е прва улица во Србија што го добила името по маестро од Крушево, Македонија“, пишува порталот.

Тие додаваат дека не е случајно што улицата „Тоше Проески“ ќе се наоѓа во Јабука. Во ова село живеат голем број Македонци кои на посебен начин сакаат да му оддадат почит на нивниот познат сонародник, стои во текстот.

Scroll to Top