Уметник изработи статуа со која ја исмеа министерската за култура

Израелскиот уметник Итај Залаит на еден од големите плоштади во Тел Авив постави статуа со која се потсмева со контроверзната израелска министерка за култура Мири Регев, пренесе агенцијата АП.

Тој ја прикажал министерката во бел фустан како гледа кон огледало во полна големина, објави агенцијата. Статуата е поставена во момент кога Регев се обидува да протурка закон со кој наводно бара лојалност во културата. Уметниците ја нападнаа за обид за цензура на уметничкото изразување.

Градскиот совет на Тел Авив објави дека го почитува протестот, но наредил статуата да биде отстранета затоа што била инсталирана без дозвола.

 

 

Scroll to Top