Унгарија се повлече од Евровизија затоа што била премногу геј

Откако Унгарија најави дека догодина нема да учествува на Евровизија, медиумите во земјата пишуваа дека ваква одлука е донесена затоа што музичкото натпреварување „било премногу геј“ за крајнодесничарската влада и за шефовите на државната телевизија.

Официјално образложение за повлекувањето на земјата од натпреварувањето нема, но повлекувањето се случи во време кога во земјата постои засилената хомофобичност, а премиерот Виктор Орбан почна програма за поддршка на традиционални семејства и за зголемување на наталитетот.

Спикерот на унгарскиот парламент неодамна ја спореди хомосексуалноста со педофилија, а во преносот од последната Евровизија, таа беше опишана како „парада на хомосексуалци“ и беше кажано дека „неучеството би било добро за менталното здравје на нацијата“.

„Наместо да учествуваме во Евровизија, ќе поддржиме квалитетни продукции за унгарската поп-музика“, изјавија од унгарската државна телевизија МТВА за „Гардијан“.

Scroll to Top