USB.mk доби нов и модерен дизајн

By

Порталот за популарна технологија USB.mk по три години од своето основање доби нов и помодерен дизајн, кој на читателите ќе им овозможи подобра прегледност при пребарувањето на содржините од областа на технологијата и науката. Сајтот е редизајниран по теркот на современите светски трендови и нуди минималистички и визуелно почист изглед, при што е целосно прилагоден за смартфоните, таблет уредите и компјутерите.

USB.mk е креиран од ентузијасти и љубители на најновите технолошки достигнувања, кои на дневно ниво ги информираат, едуцираат и советуваат посетителите со мноштво нови содржини покривајќи ги глобалните трендови, но и локалниот пазар.

Се работи за динамичен и атрактивен „all-in-one“ портал кој ги опфаќа сите области на IT индустријата и телекомуникациите, при што им се обраќа на најразличните профили на корисници: од средношколци и студенти, преку љубители на технологијата и крајните купувачи, до менаџерите и бизнис клиентите.

Основната идеја е секој да може да пронајде информација за себе, врз основа на своите интереси, потреби и ниво на знаење, при тоа уживајќи во модерниот изглед и напредната навигација, создадени според најновите веб-стандарди. USB.mk е насочен кон секоја модерна личност свесна дека технологијата е составен дел од секојдневниот живот, работа и забава.

Ќе ви се допадне