Успешно тестирана вакцина против коронавирус на мајмуни

Потенцијалната вакцина против коронавирусот ги даде првите добри резултати, додека ја тестирале на мајмуни, чиј имунитет е сличен со човечкиот, велат експертите, пишува „Би-Би-Си“, а веста ја пренесува и српски Курир.

Резулатите од тестирањето даваат надеж дека оваа вакцина би можела да ги заштити и луѓето, но сеуште нема гаранции за таквиот исход.

Би-Би-Си“ наведува дека за време на тестирањата на вирусот SARS-CoV-2, биле изложени група од мајмуните од типот макаки. Шест од оние кои ја примиле вакцината, имале помало присуство на овој вирус во белите дробови и дишните патишта и кај нив се нема појавено воспаление на белите дробови, а немало ни негативни последици од вакцината.

Ова истражување е спроведено во САД со учество на истражувачи од здравствените установи и експерти од Универзитетот во Оксфорд.

Како што наведува „Би-Би-Си“, во меѓувреме се започнало со клиничко тестирање на овие вакцини на луѓето.

Извор/Курир/Би-Би-Си

 

 

Scroll to Top