Утре бесплатен концерт на „Бијело дугме“ во Скопје

Утревечер од 21 часот, легендарниот бенд „Бијело дугме“ ќе одржи бесплатен концерт на плоштадот Македонија во Скопје. Тие пред македонската публика, но и гости од регионот, ќе ги испеат своите најголеми хитови: „Ружица си била“, „А ти ме изневјери“, „Не рачунај на мене“, „Липе цвату“, „Југославијо“, „Ако има бога и други“…

За потсетување, бендот што Бреговиќ го формираше во 1974 година постоеше до 1989 година. Тие снимија девет албуми. Прв пејач беше Жељко Бебек, а него го замени Тифа Војиќ. По него како пејач на „Дугме“ дојде Ален Исламовиќ.

Во 2005 година Бреговиќ и сите поранешни пејачи на групата повторно се собраа заедно. Бебек замина од групата, а останатите членови често одржуваат концерти во земјите на поранешна Југославија, но и секаде во светот. Пред концертот во Скопје, тие имаа мала турнеја во Турција.

Scroll to Top