Управата за хидрометеоролошки работи најави дека викендот ќе преовладува облачно време со обилни врнежи од дожд во целата земја, а на планините ќе паѓа снег. Поради студена воздушна маса и заладување, во недела врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови од земјата.
Од понеделник ќе преовладува претежно стабилно време, но постудено од сега, а во западните делови ќе има услови за повремен дожд.
Температурата утре ќе се движи од шест до 14 степени, а од недела утринските температури ќе се спуштат и под нулата и ќе се движат од минус три до седум степени.