Утре почнува ретрограден Меркур

Првиот ретрограден Меркур оваа година почнува на 22 март во доцните вечерни часови. Овој ретрогаден период носи многубројни неволји за сите зодијачки знаци. Овој пат најмногу негативности ќе почувстуваат Раковите, Вагите, Девиците, Јарците и Овните. Ако нешто ви тргне наопаку, тогаш виновник е ретроградниот Меркур!

Проблеми со администрацијата, документи, финансии, отсуство на фокус и концентрација, сè е тоа вообичаено за време на појава на ретроградниот Меркур. Се препорачува во овој период да се избегнуваат нови проекти и работи, да не се купува техника или недвижности и да се внимава на сообраќајот.

Scroll to Top