Утре се празнува Огнена Марија

Православните верници на 30 јули го одбележуваат празникот на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените.

Според народното верување, Света Марина пали и казнува со оган исто како што Свети Илија казнува со гром. Таа спаѓа во огнени светци.

Обичај е на овој празник, кога поради големата жештина гори и небото и земјата, ништо да не се работи. Во преданијата има примери за оган и громови кои во врелите празнични денови го палеле житото, сеното и домовите на луѓето што работеле на овој празник.

Scroll to Top