Три и полгодишна Влера ја победи леукемијата, болеста со која се бореше долг период. Оваа вест беше споделена на фејсбук-профилот на невладината организација САНО.
„Влера рече чао леукемија! Вака се скока од радост ! , објави невладината организација САНО на својот фејсбук-профил.
Веста ја потврди Марија Тасев, претседател на организацијата САНО. Влера од оваа тешка болест се лекувала на детската клиника во Скопје, но благодарение на нејзината голема волха и посветеноста на лекарите, болеста е веќе победена.