Ракометарите на Вардар станаа европски шампиони по победата над Веспрем од 27:24 во Келн. Вардар стигна до својата втората европска титула во својата клупска историја.
Вардар ја имаше контролата на играта во целиот натпревар. Капитенот Стојанче Стоилов заедно со останатите ракометари имаа шампионско прво полувреме против Веспрем и игра со која го надиграа противникот во секој поглед . Првиот дел заврши со 16:11.
По мечот ракометарите на Вардар објавија победничко селфи од соблекувалната.
Со одличната игра продолжија и во второто полувреме. Веспрем се врати во игра на пет минути пред крајот Веспрем кога ја намали разликата на само еден гол. Но, тимот на Роберто Парондо на крајот се радуваа на европската круна до која стигнаа по втор пат за три години.
Вардар претходно ја освои Европа во 2017 година, откако во финалето на Ф4 турнирот во Келн славеа над ПСЖ.