Вардар во утрешното финале ќе игра против актуелниот шампион Ѓер кој претходно го совлада тимот на ЧСМ Букурешт исто така со шест разлика 26:20. Натпреварот ќе биде реприза од минатогодишното финале, каде македонскиот тим ќе има шанса за реванш.
Фантастична партија во ова полуфинале имаше Амандин Лејно со 17 одбрани, најдобри стрелци беа Лекиќ и Пенезиќ со по седум погодоци, Радичевиќ постигна четири, Лазовиќ три. Во составот на Ростов, Илина постигна пет погодоци.
Финалниот натпревар меѓу Вардар и Ѓер се игра утре со почеток од 18 часот.