Вдовицата на Коби Брајант ја тужи хеликоптерската компанија

Ванеса Брајант, вдовицата на трагично починатиот кошаркар Коби Брајант, ја тужи компанијата Island Express Helicopters, која е сопственик на хеликоптерот во кој загинаа нејзиниот маж и ќерка. Таа тврди дека несреќата се случила поради пилотот кој управувал со нивниот хеликоптер во непогодни временски услови. Во тужбата стои дека пилотот Ара Зобајан, кој исто така почина, бил невнимателен и безобзирен во такви услови и дека требал да донесе одлука да се прекине летот. Во хеликоптерската несреќа освен Коби, загина и неговата ќерка Џијана и уште седум други лица.

Инаку, вчера во Стејплс центарот во Лос Анџелес беше одржана комеморација за Коби и Џијана, а емотивниот говор на Ванеса ги растажи сите. Таа речиси 10 минути зборуваше за својата ќерка, 13-годишната Џиџи, за која изјави дека карактерно и физизички била нејзина копија, но и дека нејзината поврзаност со татко ѝ, со кого и загина, било нешто што не може да се опише со зборови.

На комеморацијата говор одржаа и Мајкл Џордан и Меџик Џонсон, а пееја Бијонсе, Алиша Кис и многу други ѕвезди.

Scroll to Top