Независниот Wonderland Theatre вечерва во 20 часот ќе ја има својата прва театарска премиера онлајн. Претставата со наслов „Илузии“ е работена според мотиви од истоимената драма на најпознатиот современ руски писател Иван Вирипаев.
Режијата е на Нела Витошевиќ, а улогите ги играат актерите: Драгана Лошкова, Ивана Павлаковиќ, Никола Настоски и Исмет Шабановиќ. Монтажата ја направи Васил Христов. Музиката е на Огнен Анастасовски.
Претставата ќе се емитува од 20:00 часот на каналот на Wonderland Theatre на „Јутјуб“, на овој ЛИНК, а потоа ќе остане на истата страница за да може публиката и понатаму да ја гледа.