Велешанец се труел со „Арф“ и „Доместос“

Дваесет и осумгодишен велешанец вчера се обидел да се отруе, испивајќи средства за чистење во домаќинството, потврди полицијата од Велес.

Човекот се труел со половина литар течност ,,Доместос’’ и 50 милилитри од течноста ,,Арф’’.

„Вчера во 19.15 часот во ЈЗУ Општа болница- Велес е донесено 28-годишно лице, кое се затруло со испивање на ,,Доместос’’ и ,,Арф’’.

По извршениот лекарски преглед е констатирано дека лицето е во животна опасност и тој со  возило на Брза Помош е однесен во Државна болница – Скопје на понатамошно лекување.

Scroll to Top