Четворица велосипедисти во знак на почит кон починатата поп-ѕвезда Тоше Проески, вчера пристигнаа во Крушево откако извозеа повеќе од 900 километри со велосипед. Велосипедистите Драган Јованов, Тони Стефанов, Маријан Хаџи Мустафов и Ѓорѓе Белевски се од Кавадарци кои пред седум дена го започнаа патешествието од Нова Градишка, Хрватска местото каде загина Тоше до Крушево каде пристогнаа околу 14 часот. Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски преку социјалните мрежи порача дека е чест што ги пречекува овие упорни луѓе и најави дека Крушево ќе продолжи да го чува и да го промовира она што Тоше Проески го остави.
„Како градоначалник на општина Крушево ми беше чест и огромно задоволство да ги пречекам овие наши промотори и амбасадори на Крушево после поминати толку километри и во разни временски услови пред Спомен-куќата на Тоше Проески. Преку организација на вакви и други настани културни, музички и спортски настани ќе продолжиме и понатаму како општина да го негуваме ликот и делото на нашиот Тоше , порача Христоски.