Венера е сега во Стрелецот: Периодот од 1 – 26 ноември за може да биде посебен

Оваа Венера не дава да се врзете и да се задржите долго време на едно место. Тоа значи дека било каква љубомора или посесивност може да ги наруши вашите односи или да доведе до прекин.

Од 1 до 26 ноември, Венера ќе ги поприми особините на Стрелецот.

Ќе ве привлекува далечината и ширината, сè што е ново, неистражено и егзотично.

Задоволство и среќа ќе пронаоѓате во патувањето и во контактите со оддалечените личности, со странците.

Ќе имате многу поширока перспектива кога се во прашање односите и парите. Ќе ви помогнат верувањата дека имате избор. Ќе барате авантура, слобода, нема да ги поднесувате стегите и оковите.

Ќе уживате во односите кои ќе ви овозможат да доживеете нешто ново и возбудливо.

Ќе уживате во друштво на луѓето со кои може да се смеете, забавувате, да се чувствувате опуштено, но и да научите нешто што ќе го унапреди квалитетот на вашиот живот.

Оваа Венера не дава да се врзете и да се задржите долго време на едно место. Тоа значи дека било каква љубомора или посесивност може да ги наруши вашите односи или да доведе до прекин. Слободата е клучна. Допуштете ја себеси, но и на партнерот.

Има тука и многу идеализми. Ќе барате нешто посебно и ќе лутате од една до друга личност, додека не ја пронајдете. А кога ќе се случи оној посебен „клик“, ќе знаете дека сте го пронашле она што сте го барале.

Во текот на овој транзит на Венера, почесто можат да се појават и паралелни односи, односно две опции кои ќе ви се чинат еднакво добри. Нека биде спонтано, возбудливо, па времето ќе покаже. Ловот ќе ви се чини попривлечен од самата врска.

Искреноста е клучна. Ќе барате отворено и искрено поврзување и нема да поставувате самите на себеси огради и ограничувањето.

Самците би можеле да пронајдат љубов во странство, друг град, можеби и со личност кои имаат слични религиски и морални вредности како нив.

Уживајте во истражувањето на љубовта и односи со оваа Венера и допуштете си себеси да мислите, да чувствувате дека е можно да го остварите сето она што сте го посакувале во својот интимен живот.

Scroll to Top