Венеција доби дозвола да наплаќа влезници до 10 евра за туристи за краток престој. Во италијанскиот буџет за 2019 година е воведена клаузула со која Венеција ќе може да им наплаќа на туристите што ќе пристигнат со крстосувачките бродови и кои ќе останат во градот само неколку часа. Туристите веќе плаќаат сличен данок за слетување, кога ги посетуваат малите еолски острови.
Венецијанците долго време се жалеа дека масовниот туризам го зафаќа градот и дека тоа им го отежнува живеењето. Секоја година стотици крстосувачки бродови влегуваат во Венеција, а со тоа повеќе од еден милион патници годишно го посетуваат градот на само неколку часа. Според градоначалникот на Венеција, Луиџи Брунаро, со овој данок ќе се соберат потребните пари за градот да се одржи чист.
Според предвидувањата со новиот данок градот ќе може да собере околу 50 милиони евра годишно.