Вевчанецот Иван Лотевски, по потекло од охродски Варош го фати крстот за Водици во водите на Охридското Езеро.
Лотески и лани го фати крстот во Охрид. Тој посака среќа и здравје за себе и семејството.
– Не очекував и оваа година, многу сум изненаден. Имав среќна година, се надевам дека и оваа пак, изјави Лотевски пред камерите.
Тој заедно со својата тајфа пеејќи ја песната на Богојавление, се упати кон владиката Тимотеј, кој треба да го дарува, по што традиционално, учесниците во манифестацијата се собираат во ресторанот „Св. Софија“ во Охрид.
По ова, фаќачот на крстот тргнува куќа по куќа, за да ја сподели радоста и да им донесе среќа со светиот крст на домаќините.