(Видео) 25 мај денес е само спомен: Четворица Македонци со штафетата до Тито

By

Денешниот ден, 25 мај, некогаш беше Денот на младоста. Најпопулраниот ден во поранешна Југославија – ден кога славеше и роденденот на маршал Јосип Броз Тито. Се организираа слетови, како централни манифестации на празникот што го истакнуваше социјалистичкиот концепт на братство и единство. Во нив учествуваа пионери, младинци, студенти, но и припадници на сите родови на војската на СФРЈ.

На главниот слет, на стадионот на ЈНА во Белград, му претходеше носење на штафета, која беше симболот на 25 мај. Таа се носеше илјадници километри од Вардатр  до Триглав, а во рацете на Тито ја предаваа познати спортисти и угледни младинци.

Идејата за некогаш најпопуларниот настан во поранешна Југославија се роди во Крагуевац во 1945 година. Оваа масовна младинска штафета која минуваше низ целата земја е по идејата на Одделението за спорт и фискултура во која трчаа најуспешните младинци. Во премиерното издание учествуваа 12.500 лица кои ја минаа трасата долга 9.000  километри.

Од 1957 година, Титовата штафета прерасна во Штафета на младоста. Палката беше креација на скулпторот Владета Петриќ и графичарот Бошко Карамновиќ. Таа година палката  тргна од Кумровец, родното место на Јосип Броз Тито. Мина вкупно 3.500 километри низ мали место и поголеми градови во сите шест републики каде беше масовно дочекана и проследена со специјално подготвена програма.

Честа да биде прв што ќе му ја врачи лично штафетата на Тито ја доби Мико Трипало, апсолвент по право и претседател на Централниот Комитет на младината на Југославија. Меѓу нив и четворица Македонци – Миле Гаврилов, работник од Штип,  Лилјана Жежова, ученичка од Скопје, Чеде Ѓорѓевски, студент од Скопје и Татјана Додевска, вработена како најдобра студентка во тогашниот Секретаријат за внатрешни работи во Куманово.

Штафетните палки воглавно се изработуваа од дрво, но и од други материјали. Во својот дизајн, покрај останатите детали, содржеа петокрака. Главниот слоган на денешниот ден беше „Тито е наш, ние сме титови“.

По смртта на Тито во 1980 година, Штафетата на младоста продолжи да се предава од рака на рака меѓу милиони луѓе од Триглав до Гевгелија, но под друга парола – „И по Тито – Тито“ со заклетва на сите Југословени дека ќе истрааат на неговиот пат и ќе го негуваат братството и единството.

Последеен пат носњето Штафетата беше организирано во 1987 година. Слетот беше укинат со одлука на 26 јануари во 1988 година. Оттогаш манифестација официјално не се одржува, но тоа не ги спречува многу луѓе и натаму да го слават денешниот ден.

Ќе ви се допадне