(Видео) Али Диа прогласен за најпознатиот фудбалски измамник

Угледниот британски фудбалски портал Four Four Two направил листа на 50 најлоши фудбалери во историјата на Премиер лигата. На прво место се најде најголемиот измамник, легендарниот Сенегалец Али Диа.

Една од најголемите измами во историјата на фудбалот се случи во 1996 година, кога Али Диа успеа да ги посрамоти фудбалските челници во клубот Саутемптон за сите времиња.

Тогашниот менаџер на Саутемптон, Грем Сунес, ја направил најголемата грешка во кариерата. Го ангажирал Али Диа, кој претходно играл за нисколигашки клубови во Германија и Франција.
Сунес добил телефонски повик од Жорж Веа, еден од најдобрите африкански фудбалери и фудбалер на годината во тој период. Веа го убедил Сунес дека неговиот братучед Али Диа е репрезентативец на Сенегал и дека треба да добие шанса во тимот на Саутемптон. Сунес поверувал и го повикал на проба. Диа добил договор на месец дена.
„Ме повика Жорж Веа и го препорача Диа. Фудбалерот играше за Пари Сен Жермен заедно со него. Претходната сезона играл во друга лига во Германија, па ние го донесовме да го пробаме. Кога го видовме бевме убедени дека се работи за стандарден репрезентативец на Сенегал кој потсетувал на Веа“, изјавил Грем Сунес за локална телевизија.
Таа 1996 година, фудбалот ќе остане запаметен по мечот меѓу Саутемтон и Лидс. По само половина час игра, капитенот на Саутемптон, Ле Тисие, се повредил, а во игра влегол дебитантот Диа.

„Диа на теренот делувал целосно изгубено. Бесмислено трчал, далеку од својата позиција, кампувал во офсајд и немал сериозен допир со топката. Скокал по теренот како Бамби на мраз. Беше срамота да го гледам“, изјавил Ле Тисие.

 Револтираниот Сунес во 85. минута го изнел од игра, а Диа во тие моменти на изненадување на сите, со насмевка си излегол од теренот. Навивачите, соиграчите, тренерите и новинарите биле шокирани од играта на дебитантот. Било јасно дека не станува збор за професионален фудбалер.

Но, она што не го знаеле е дека само неколку недели претходно, Диа играл за аматерскиот клуб Blyth Spartanse, а потоа исчезнал. Следниот пат го виделе на телевизиски пренос во дресот на Саутемптон.
Еден ден по мечот со Лидс, Диа стигнал меѓу првите во клубот, имал масажа, а потоа исчезнал. Во хотелот изјавил дека ќе се врати малку подоцна. Зад себе Диа оставил голема сметка. Веднаш станало јасно дека Сунес е измамен и дека станува збор за целосен аматер кој не само што добил договор, и голема сума на месечна плата, туку и можност да игра во најсилната лига на светот.

Се утврдило дека целата ситуација била лага.

Сунес го нарекол лажниот Веа. Тој никогаш не играл за ПСЖ, а особено не за репрезентацијата на Сенегал. Речиси и  не играл фудбал во пониските лиги на Франција и Германија. Се обидел да заигра и во англиската конференција, но никогаш не успеал да стигне до таму.

Тогаш подготвил генијален план и добил можност да игра во Премиер лигата и тоа благодарение на наивниот Сунес. Се утврдило дека овие момци прво се обиделе да го измамат Хари Реднап, кој во тоа време бил менаџер на Вест Хем, но искусниот тренер ги прочитал на време. Во Саутемтон брзо сфатиле дека ги направил будали.

„Беше тоа најбизарниот инцидент во сите 17 години кои ги минав во Саутемптон“, изјавил Ле Тисие.

 

Scroll to Top