(Видео) Алтернативна верзија на серијата „Пријатели“ за време на пандемијата

Еден корисник на „Јутјуб“ создаде алтернативна верзија на серијата „Пријатели“ земајќи ја предвид моменталната пандемија на коронавирусот. Неговата верзија ги става главните јунаци во карантин. Видеото е наречено „Confinés“, што во превод значи „Затворени“.

Се состои од исечени кадри од различни епизоди кои се споени така што да изгледа дека Рејчел, Моника, Фиби, Рос, Џои и Чендлер се изолирани за време на пандемијата. Во видеото може да го видите Чендлер како игра мал фудбал сам со себе, додека Џои се обидува, но не успева, сам да игра пинг-понг.

Scroll to Top