(Видео) Американка обвинета затоа што шетала полугола пред децата

Дваесет и седум годишната Тили Бјукенен од Јута, е обвинета за недолично однесување, откако во својот дом таа пред своите деца и сопруг се шетала со без градник. Доколку Тили биде осудена ѝ се заканува казна затвор од десет години, а нејзиното име ќе биде запишано и во регистарот на сексуални престапници.

Нејзиниот адвокат, Дејвид Лејн, бара да се отфрлат сите обвиненијата. Според него, Бјукенен со сопругот работела во гаражата, а затоа што биле намачкани со гипс и двајцата биле соблечени до половина.

Кога нејзините три деца на возраст од девет, десет и тринаесет години ја виделе мајка им гола, таа им објаснила дека е феминистка и дека затоа може да работи гола како и нивниот татко.

Полицијата за инцидентот дознала откако трите деца случајно им откриле за време на испрашувањето за друг инцидент кој претходно го направиле и за кој биле приведени. Толи изјавила дека настанот се случил во 2016 година, додека обвинителството верува дека настанал во периодот меѓу ноември 2017 година и јануари 2018 година.

Сопругот на Тили не е обвинет во овој случај.

„Само затоа што е жена и го има откриено горниот дел од телото, мојот клиент е окарактеризиран дека се однесувал перверзно, додека торзото на нејзиниот сопруг се смета за симбол на сила и гордост“, образложил нејзиниот адвокат за време на постапката, оценувајќи дека обвиненијата се засноваат на противуставни критериуми.

„Овој настан се случи во приватноста на мојот дом. Мојот сопруг беше во исто издание како и јас, а него никој не го гони кривично“, изјавила Тили на сослушувањето.

 
Scroll to Top