Американката Саманта Рамсдел влезе во Гинесовата книга на рекорди, откако било утврдено дека ја има најголемата женска уста во светот. Таа вели дека отсекогаш тврдела дека ја има најголемата уста.
„Совети за сите оние кои имаат нешто необично и би сакале да освојат Гинисова титула, направете го тоа. Бидете горди на тоа и направете го ваш најголем адут. Тоа е вашата супер моќ. Тоа е она што ве прави посебни и поразлични од сите други”, рече Саманта.
На официјалната веб-страна на Гинисовата книга на рекорди, пишува дека нејзината уста е широка 6,52 сантиметри. Таа редовно ја покажува устата на социјалните мрежи. На TikTok ја следат 1,7 милиони луѓе и таму снима видеа, како става големи количини храна во устата.
Некои снимки имаат и по милион прегледи.