Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, кој денес беше уапсен во амбсадата во Еквадор во Лондон, за време на шестте години колку шти ги минал во објектот, целосно го сменил својот имиџ.
На снимките кои беа направени пред амбасадата, Асанж бил целиот запустен и со брада и многу наликувал на изгледот на поранешниот српски политичар Радован Караџиќ, додека бил маскиран како доктор Дабиќ.
Асанж додека бил привреден од службите во себе носел книга за покојниот американски писател Гор Видал, за историјата за национална безбедност. Видал се смета за еден од најконтроверзните личности од јавниот живот во Америка во 20 век.
Претходно се огласи и претседателот на Еквадор, за укинувањето на азилот на Асанж.
„Сакам да ве известам дека поради непријатноста и агресивното однесување на Џулијан Асанж, непријателските и заканувачки изјави против Еквадор и посебно поради кршењето на меѓународните договори, давањето политички азил повеќе не е одржливо“, изјавил претседателот на Еквадор, Ленин Морено, во својето телевизиско обраќање, објаснувајќи зошто на основачот на „Викиликс“ му е укинат азилот.
„Еквадор е великодушна земја и нација со влада која го почитува меѓународното право и институцијата азил. Давањето или повлекувањето на азилот е суверено право на Еквадор, според меѓународното право“ дополнува Морено.
Ecuador decidió soberanamente retirar el asilo diplomático a Julian Assange por violar reiteradamente convenciones internacionales y protocolo de convivencia. #EcuadorSoberano pic.twitter.com/V02pvvtPY0
— Lenín Moreno (@Lenin) April 11, 2019
Еквадор одлучил да му го укине на Асанж дипломатскиот азил, кој му беше одобрен во 2012 година.