(Видео) Авион принудно слета на автопат во Канада

Во Канада пред неколку денa авион бил принуден да слета на автопат во Квебек, а видеото од несекојдневното слетување станало вирално на социјалните мрежи. Пилотот на авионот „Piper Cherokee“, повикал пожарникарна служба, барајќи дозвола за принудно слетување на автопат, неколку километри јужно од меѓународниот аеродром.

Човекот кој што го забележал слетувањето изјавил дека бил многу изненаден: „Првпат гледам како авион слетува на автопат, освен во филмовите“.

Портпаролот на пожарникарната служба, Бил Нонан, изјавил дека авионот сигурно слетал и дека сообраќајот бил запрен на помалку од еден час.

На автопатот во тој момент се наоѓале 10-на возила, но никој од нив не бил повреден, а ниту пилотот на авионот.

Полицијата потврдила дека причината за принудното слетување на авионот бил механички проблем на самото летало.

Scroll to Top