Иако американскиот претседател Џо Бајден постојано ги повикува граѓаните да носат маски во затворени простории, самиот тој не се придржува до правилата што сака да ги наметне, пренесуваат светските медиуми.
Бајден повторно бил виден без маска на јавно место. Тој неколку дена ги мина на островот Нантакет, во Масачусетс, каде што бил снимен без заштитна маска во посета на неколку локали.
Бајден ги игнорирал бројните предупредувања кои стоеле на вратите дека е задолжително носење маска.
Инаку, како што пренесува „Њујорк пост“, Бајден за Денот на благодарноста беше во посета на Нантакет, со семејството на имотот на милијардерот Дејвид Рубинштајн. Тој уште во февруари рече дека маските се неопходни да се носат во текот на целата година.
Во август пак рече дека е задолжително носење маски во целата земја во наредните 3 месеци.
За потсетување, тој веќе еднаш беше виден без маска со сопругата за време на една посета на италијански ресторан во Вашингтон.
Joe Biden hypocritically ignores the mask required sign on the door & shops maskless during his Nantucket vacation.pic.twitter.com/tKBaKoCZ8y
— GOP (@GOP) November 29, 2021
(Видео) Бајден во ресторан без маска, секретарката се обидувала да го извлече од одговорност